18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Буџетот обезбедува економски развој и повеќе пари кај граѓаните

СДСМ преку соопштение реагира на обвинувањата изнесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека со новиот буџет, паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок, директно се осиромашуваат граѓаните.

„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните. Со предлог-буџетот за 2019 година, изготвен од Владата предводена од СДСМ, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението.

СДСМ додава дека со реформата на системот за социјална заштита се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60 000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија.

„Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата, што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката. Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање нови подобро платени работни места“, се вели во реакцијата за буџетот.

Невработеноста, како што тврди СДСМ, дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари со што се очекува намалување на невработеноста на околу 20 отсто.

Спонзорирано: