10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гибралтар пречка за брегзит

Напорите на британската премиерка, Тереза Меј, за усвојување договор за излез на Британија од Европската Унија наидоа на уште една пречка, овој пат од Шпанија, која се заканува да стави вето на договорот поради Гилбралтар.

Имено, Мадрид се противи на делот од договорот што се однесува на трговските и безбедносните односи меѓу Британија и ЕУ, инсистирајќи дека за истиот треба да се дискутира посебно. Шпанскиот министер за надворешни работи изјави дека земјата нема да го поддржи договорот за излез од ЕУ додека тоа прашање не биде решено.

Иако Шпанија не може да го блокира договорот, кој ќе биде одобрен ако 20 од останатите 27 земји од ЕУ гласаат во корист на истиот, тоа ќе ги попречи напорите на Меј за негово непречено усвојување пред истиот да биде вратен во британскиот парламент на последно гласање.

Додека Шпанија бара преговорите за Гибралтар да се одвиват одделно од пошироките преговори за трговија и безбедност, портпаролот на Меј изјави дека тие треба да бидат дел од разговорите за идните односи меѓу Британија и Европската Унија.

Спонзорирано: