18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес, парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлог-буџетот за 2019 година, изготвен од Владата, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

„Со реформата на системот за социјална заштита се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија. Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата, што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката. Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата, што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање нови подобро платени работни места“, стои во соопштението на СДСМ.

Невработеноста, додаваат од СДСМ, дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари, со што се очекува намалување на невработеноста на 20 отсто. Ова е шанса и за ВМРО-ДПМНЕ да научи еден сегмент од економијата, велат од СДСМ и додаваат како преку реални мерки парите од буџетот се враќаат назад кај граѓаните.

Спонзорирано: