23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Ќе направиме сѐ Груевски да ја отслужи својата казна

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук порача дека ќе направи сѐ Никола Груевски да биде вратен дома и да ја одлежи својата казна.

– Ќе направиме сѐ што е во наша надлежност и сѐ што имаме на располагање како инструменти Никола Груевски да биде екстрадиран дома и да ја отслужи својата казна. Нема да застанеме додека тоа не се случи!

Премиерот и во интервју на телевизија Алсат М рече дека тој е сигурен дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија.

– Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило – рече Заев.