21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Протече видео снимка на Никола Груевски од 2012-та

Во бурата реакции по објавата за бегството на Никола Груевски до редакцијата на НОВАтв стигнале СНИМКИ (за преглед клик тука) од анонимен дојавувач како илустрација за како што се наведува во пораката демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата.

Според непотврдени податоци видеото било снимено на Сејшелите во 2012-та година кога Груевски ја имаше зацврстено власта по победата во 2011-та година, но и апсењата на високи опозициски функционери, затворањето на А1 и весниците, како и замолчувањето на многу медиуми.

Видео клипот кој го објави интернет порталот Новатв на својот јутјуб канал може да се погледне на следниот надворешен линк, хостиран на Youtube со клик тука.

Спонзорирано: