11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повторно се тресеше грчкиот остров Закинтос

Два земјотреса, со интензитет од 4,6 и 4,2 степени по Рихтер, денеска се регистрирани во Јонското Море, јужно од грчкиот остров Закинтос.

Првиот потрес бил регистриран малку по 11 часот, а вториот неколку минути подоцна. Епицентарот на земјотресот е забележан на 30-ина километри југозападно од Закинтос.

Грчката агенција АНА наведува дека на овој остров биле регистрирани повеќе последователни потреси по земјотресот до јачина од 6,4 степени, кој се случи на 26 октомври.