11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не е во транзитната зона?“, кусо одговори: „Прашајте ги правниците“ по што ги одмина камерите велејќи дека нема време за прашања.

Претходно, министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што побарал и азил, не прецизирајќи во која држава се наоѓа амбасадата. Тој прецизира само дека тоа не е амбасадата во Македонија.