8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад со „молотов коктел“ на црква во Киев

Украинската православна црква соопшти дека непознати напаѓачи фрлиле „молотови коктели“ на Андриевската црква во Киев и нападнале свештеници со бибер-спреј.

Нападот следува по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј да почне процесот на давање независност на православната црвка во Украина во однос на Руската православна црква.

Портпаролот на Украинската православна црква, Евстратиј Зорја, рекол дека непознати машки лица утрово фрлиле „молотов коктел“ на црквата и со бибер-спреј нападнале свештеници.

Одлуката на вселенскиот патријарх да почне процес на давање независност на православната црква во Украина предизвика загриженост од избивање насилство меѓу противниците и приврзаниците поради одделување на двете цркви.