6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Кратер поголем од Париз откриен под мразот на Гренланд

Огромен железен метеорит удрил во Гренланд пред повеќе од 12.000 години, отворајќи кратер поголем од Париз кој неодамна беше откриен со софистициран радар под мразот.

Кратерот е прв од ваков вид пронајден на Гренланд – или под било која од ледените плочи на Земјата – и е меѓу 25-те најголеми познати на Земјата, се вели во извештајот на „Сајанс адвансес“.

Влијанието на кратерот широк 31 километар под глечерот Хијавата би имал значителни брановидни ефекти во регионот, а можно е дури и на глобално ниво, велат научниците. Но, неговата приказна допрва се раскажува.

„Имало ‘отпад’ распрснат во атмосферата што би влијаел на климата и на потенцијалот за топење на многу мраз, па затоа можело да има ненадеен прилив на слатки води во теснецот Нарес меѓу Канада и Гренланд што, пак би влијаело на океанот во целиот регион. Доказите покажуваат дека влијанието веројатно се случило по формирањето на ледената прекривка на Гренланд , но истражувачкиот тим сé уште работи на прецизно датирање “, вели ко-авторот Џон Паден, вонреден професор по електротехника и компјутерски науки на Универзитетот во Канзас.

Кратерот првично беше откриен во 2015 година, но меѓународен тим истражувачи оттогаш работел да ги потврди наодите. Првичниот наод беше направен со податоци од Арктичката програма на НАСА за регионална проценка на климата и операцијата „Ајсбриџ“. Оттогаш се собрани повеќе податоци со понапредна радарска технологија.

„Досега не можеше директно да се датира кратерот, но неговата состојба сугерира дека се формирал откако мразот почнал да го покрива Гренланд, значи е помлад од три милиони години, а може да е и од пред само 12.000 години – кон крајот од последното ледено доба”, вели ко-авторот професор Курт Кјер од Центарот за геогенетика при Природонаучниот музеј на Данска.

Истражувачите планираат да се обидат да земат материјал што се стопил од дното на глечерот за да дознаат повеќе за неговиот тајминг и ефектите врз животот на Земјата во тоа време.

Спонзорирано: