17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Шведска компанија на вработените им дава слободни денови за мастурбација

Шведската компанија за производство на сексуални играчки и кондоми „Лело“ ќе им дава слободни денови за мастурбација на своите вработени, пишува „ЛАД библ“.

Овие денови официјално ќе се нарекуваат „Денови на љубовта кон себе”. Вработените ќе имаат право на четири такви денови во кои ќе можат да се посветат на својата сексуална сатисфакција, а компанијата ги охрабрува за време на тие денови да се погрижат за онолку оргазми колку што им е потребно за да се релаксираат.

И ако ова ви изгледа како тотална глупост, серијата британски истражувања покажуваат дека всушност има добра основа. Имено, резултатите од анкетата спроведена на 2000 Британци покажаа дека најсреќни ги прават – оргазмите.

Околу 78 отсто од нив на прашањето што ги направило среќни, тие одговориле дека тоа е оргазмот, без оглед на тоа дали го постигнале со својот партнер или самостојно. 66 отсто рекле дека по оргазмот се чувствуваат попродуктивни, а 40 отсто рекле дека придобивките од оргазмот ги чувствувале и една недела подоцна.

Спонзорирано: