11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе “паднат” и вработени во МВР: Како се одвивала шемата според која Груевски побегна од Македонија?

Македонските институции нема да седат со скрстени раце, откако побегна Никола Груевски кој се бараше за затворска казна од 2 години.

Во моментов се водат две истраги во Министерството за вантрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа.

Владиниот портпарол Миле Божњаковски на редовната прес конференција во Владината зграда, информираше дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

“Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително секторот за внатрешни работи на Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе озлезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски”, рече Бошњаковски.

Спонзорирано: