10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекерка мене остајте ми ја. Отварајте дечки вратите – протекоа шокантни вибер комуникации

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во Собранието, лицето потпишано како „колешка Чаир“ во мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски, во 18.14 часот на 27 април 2017 година пишува: „Дај боже, да влеземе, да ги затепаме, ихаааа. Од 13.30 чекаме, хахахахахахах…“

Во 18.49 часот истиот контакт во групата пишува: „Влезе народот. Влеговмееее, ајде пратеници“.

Во 18.53 часот лицето „колешка Чаир“ вели: „Отворете ги предните вратииии“.

Една минута подоцна истиот контакт во групата пишува: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте дечки вратите“.

Во 19.15 контактот потпишан како „колешка Чаир“ во групата каде што членуваат пратениците вели: „Пуштајте клима, изгинаа луѓево“.

Рочиштето за крвавиот четврток продолжува со читање СМС и вибер-комуникации од телефонот на Крсто Мукоски со разговорот помеѓу пратеникот и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, каде што пратеникот се распрашува за снимките од безбедносните камери од Собранието.