12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојановски: Градоначалникот на Ѓорче Петров направи општината да се дави во локални проблеми

Помина една година од локалните избори, градоначалникот Наумоски за таа година успеа од општина Ѓорче Петров која важеше за една од најчистите општини во Република Македонија да направи една огромна депонија која се дави во локални проблеми, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кој досега нема ни трага ни глас. Нема ништо од градинката во Волково, кружен тек на сред село во Волково, нова амбуланта во Дексион, спортска сала во Хром, нов голем трговски центар, музеј на современа уметност, нов театар, пазар во Даме Груев, милтимедијален центар, нема ништо и од нов отворен и затворен базен“, вели Стојановски.

Ѓорче Петров заслужува повеќе стипендии за млади, вели тој и додава општината залужува и повеќе индустриски зони и нови работни места, заслужува повеќе работа. Граѓаните не сакаат самопромоција и лажни ветувања туку сакаат чиста и средена општина, чист воздух, училишта во кои не шетаат змии и училишта каде што учениците ќе имаат ужинка, ијзави Стојановски.

Спонзорирано: