13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИС

СДСМ со нова одлична мерка за граѓаните: Пари ќе се слеваат на илјадници граѓани, дури и ако имаат само 1 ден работен стаж

Лицемерно е антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ партијата што со години ги манипулираше и потценуваше пензионерите, денес да се обидува да им се додворува, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Да не се посветеше ВМРО-ДПМНЕ на крадење на народните пари можеше значително да се зголемат пензиите и Фондот на ПИОМ ќе немаше финансиски проблеми. Но, наместо тоа, со криминалните и расипнички политики, ВМРО-ДПМНЕ го зголеми буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, создаде огромна финансиска дупка а на пензионерите не им го исплаќаше ниту законското усогласување на пензиите“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од партијата наведуваат дека за разлика од таквиот потценувачки однос кон пезнионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со пензионерите и се санираат сите штети што ги создаде претходната власт.

„Законското усогласување на пензиите со растот на платите и трошоците за живот се исплаќа двапати годишно, а просечната пезнија во септември 2018 изнесувала 14 500 денари што е речиси 1 400 денари повеќе отколку во септември 2016. Пензиите растат и ќе растат и понатаму, а нивната сигурна исплата и во иднина е обезбедена“, стои во соопштението.

Истовремено, велат од СДСМ со предвидената пензиско – социјална реформа, ќе се стабилизира дефицитот на ПИОМ, законското усогласување на пензиите ќе продолжи да се прави два пати во годината, а се вовоедува и социјална државна пензија за лицата кои немаат доволно стаж за да добиваат пензии, велат од СДСМ.

Тоа е фер и правден однос кон сите постари граѓани кои придонеле во грдењето на нашето општество.

Спонзорирано: