10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Епидемијата на ебола во Конго е најголема досега во историјата

Епидемија на вирусот ебола која во моментов на владе во Демократска Република Конго, е најголемата во историјата на оваа африканска земја со досега 319 потврдени случаи на пациенти, соопшти тамошното министерството за здравство.

Од ебола досега загинаа 198 луѓе во провинциите Северен Киву и Итури, каде што нападите од страна на вооружени групи и отпорот на населението ги спречија здравствените работници да им помогнат на заболени, пренесува Ројтерс.

Откако вирусот беше откриен во 1976 година, досега епидемијата избувна десет пати.

„Епидемијата која во моментов на владее е најлоша во историјата на Конго”, изјави портпаролот на министерството за здравје.

Со повеќе од 300 случаи на пациенти, оваа епидемија е оценета како трет најлош случај во историјата на целиот континент, по епидемијата во Западна Африка, која траеше од 2013 до 2016 година, кога беа потврдени 28.000 случаи и епидемија во Уганда во 2000 година, кога беа заболени 425 лица.