11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Воведувањето на прогресивниот данок е удар врз сите млади и талентирани претприемачи

Владата на СДСМ повторно удира по џебот на граѓаните, се наведува во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Прогресивниот данок кој го наметнува однародената и криминална власт, како што посочуваат од партијата, негативно влијае врз бизнисот и отворањето нови работни места, го дестимулира развојот и ќе придонесе за засилена даночна евазија.

„Воведувањето на прогресивниот данок е удар и врз сите млади и талентирани претприемачи кои со својот ум и труд заработуваат. СДСМ и аболицираниот Заев со својата безидејна економска политика ги осиромашува граѓаните и државата. Воведувањето на прогресивниот данок е избрзана и необмислена мерка и ќе предизвика повеќе зијан отколку ќар“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Тевдовски создаваат апатија во економијата, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тие работеле на грабеж на народот и економска пропаст на Република Македонија.

Спонзорирано: