16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведскиот парламент сака да им даде целосните гласачки права на бегалците и на странците

Шведската левичарска партија поднесе парламентарен предлог кој ќе им овозможи на странските државјани, како и на бегалците, да гласаат на изборите во националните и европските парламенти, пренесува „Брејтбарт“.

Во предлогот се тврди дека бегалците и странските жители треба да имаат исти гласачки права како шведски граѓани и се вели: „Денес постојат многу луѓе кои се со постојано живеалиште во Шведска и кои можат да влијаат врз нивниот секојдневен живот само преку демократски избори во општината и во окружните совети”.

„Луѓето што денеска немаат право да извршат демократско влијание на референдумите, парламентарните избори и на парламентарните избори во ЕУ, ги вклучуваат оние кои дојдоа во Шведска како бегалци, кои се сопружници на шведски државјани или кои емигрирале во Шведска, на пример, да учат или да работат, “се додава во предлогот.

Партијата тврди дека давањето истите права на глас на луѓето што немаат шведско државјанство како на шведските граѓани би ги засилило чувството на учество, заедништво и на зголемена самодоверба ​​меѓу мигрантите кои моментално немаат право да гласаат. Во иницијативата, исто така, се бара старосната граница за гласање да се намали на 16 години за локални избори за да се привлече интересот на младите луѓе и да се зголеми нивната посветеност кон политиката.