23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во јужниот дел на Кина воведена забрана за шетање кучиња во текот на денот

Во градот Веншан, во јужната кинеска провинција Јунан властите забранија шетање кучиња во текот на денот и ги протерале домашните миленичиња од парковите, трговските центри, спортски објекти и други јавни места.

Забраната во Веншан пропишува дека кучињата можат да бидат надвор во текот на ноќта, од 22:00 часот навечер па сè до 7:00 часот наутро.

Врвката или синџирчето на кучињата не смее да биде подолго од еден метар, се наведува во забраната и се додава дека кучиња можат да шетаат само возрасни личности.