3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) СДСМ бара обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Груевски за изградба на хидроцентрали

СДСМ побара од Основното јавно обвинителство да отвори истрага за судир на интереси во, како што велат од партијата, шемите на Мицкоски и Груевски за изградба на хидроцентрали.

„Го повикуваме надлежното Основно јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да ги истражи сите сомневања за судир на интереси. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство да ги истражи и основаните сомневања за огранизирано незаконско постапување, да утврди дали во овој случај има и организиран криминал за лично богатење на поединци“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според него, сомнежите се основани и поткрепени со документи коишто покажуваат дека, како што рече, во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

„Како што се гледа од овој документ, Мицкоски е еден од сопствените на компанијата ‘Енерготек ДОО Скопје’. Заедно со компанијата ‘Минка ДА’ го основаат конзорциумот ‘Минка-Енерготек’, кој е избран за најповолен понудувач и подоцна го добива земјиштето. Уделот на фирмата ‘Енерготек ДОО Скопје’ во конзоцриумот денеска изнесува 99 отсто. Ова е класичен судир на интереси“, рече Костадинов.

Според него, во „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димовски е познат како соработник, односно лева рака на тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните органи. Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството. Дополнителен сомнеж отвора фактот што фирмата ‘Енерготек ДОО Скопје’, преку споменатиот конзорциум, добива концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала, само два месеца по отворањето. Сите овие информации и документи се јавно достапни на увид на граѓаните и секој може да го потврди ова што го говориме“, рече портпаролот на СДСМ.

Спонзорирано: