21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Кој и зошто го следи Николовски?

Се поставува прашањето дали Николоски е физички следен од припадници на СДСМ или дури и членови на МВР, како и тоа кој и зошто го следи неговото движење, реагира ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, од каде претходно побараа Александар Николовски јавно да одговори за средбите со Синиша Алексовски.

„Нас ова не нѐ изненадува, тоа е одлика на една хунта на која брзо ќе ѝ дојде крајот. Сепак, јавноста повеќе сака да знае што толку СДСМ должи што мора да го стави Охридскиот рамковен договор во Преамбулата на Уставот и да ја направи Македонија двојазична“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Опозициската партија додава дека на очајот и глупостите на СДСМ им нема крај, па така од една случајна средба и неврзан кафе-муабет се создаваат теории на заговор. Според нив, тоа се прави со цел СДСМ да скрие дека покрај промена на името одлучил да ја прави Македонија и двонационална држава, како и да скрие дека зголемува даноци.

Спонзорирано: