20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вакво нешто во време на ДПМНЕ беше незамисливо: Министер од Владата на Заев потрошил само неколку илјади денари

Од Министерството за култура, преку соопштение информираа за трошоците кои во досегашниот мандат ги има направено ресорниот министер, Асаф Адеми.

Како што наведуваат оттаму, за време на својот мандат од 01. јуни годинава заклучно со овој месец, Адеми има остварено две патувања во странство во Тирана и Франкфурт, а притоа искористил само еден авионски билет во вредност 7.286 денари.

Од ресорното министерство соопштуваат и за цехот кој Адеми го направил во бифето на Министерството за култура.

„Во репрезентација во бифе на министерство за култура за овој период, има направено само 2.565 денари“, се наведува во соопштениетo во кое се додава дека во текот на својот мандат министерот нема замено аванс од денарска каса и нема направено трошоци во каса.

Спонзорирано: