14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ вечерва излезе со жестока реакција до ВМРО ДПМНЕ

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економија, особено по сето она што и го направи на економијата со 11 годишното криминално и расипничко владеење, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски кој обвини дека власта ја задолжила државата за 400 милиони евра за 9 месеци.

Од владејачката партија сметаат дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ неконтролирано ја задолжувал државата, а парите на граѓаните, како што велат, се трошеле за луксуз, барок, споменици и криминални тендери.

„За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски, Владата предводена од СДСМ работи домаќински и одговорно управува со парите на граѓаните. Преку одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ, успеа да го стави јавниот долг под контрола. За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а каматните стапки за задолжувања се историски најниски“, се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, бројни економски параметри како што се растот на платите, порастот на извозот, потрошувачката и индустриското производство и бројот на странски инвестиции, јасно покажуваат дека економијата е стабилизирана и се движи во добар правец.

Спонзорирано: