6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потрес во Бугарија: Колку Македонци дале мито за да бидат впишани како Бугари и да добијат пасош?

Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници што продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.

Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и на Молдавија плаќале по 5.000 евра за лажна потврда, со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а сè уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување.

„Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи“, соопшти Обвнителството за гонење организиран криминал.

Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу 20-те приведени е и шефот на државната Служба за Бугарите во странство, која има клучна улога при натурализација на странски државјани. Оваа служба издава потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предци бил или е Бугарин.

Бугарија годишно во просек издава околу 10.000 бугарски документи на странци. Веќе долго време во земјата се води расправа за критериумите за докажување бугарско потекло. Некогаш за тоа било доволно да се даде изјава, но од 1 мај 2017 година Софија бара документи што го докажуваат бугарското потекло на родителите или на некој од бабите или дедовците на подносителите на барањата.

Службата што ги издава потврдите е блиска со националистичките партии што сега се во владејачката коалиција на конзервативниот премиер Бојко Борисов, објавија бугарските медиуми.

Спонзорирано: