10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паднат кран го оштети рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“

Единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ беше оштетен вчера во Мурманск за време на поправката, откако потона докот на кој се наоѓал, а кран падна врз палубата, отворајќи дупка со димензии 4 на 5 метри, пренесува „Спутник“.

„Кранот кој падна остави дупка 4 на 5 метри, но во исто време ова се структури кои се поправаат лесно и брзо”, изјави Алексеј Ракхамнов, шеф на руското Здружение на бродоградители, додавајќи дека поправката ќе чини малку.

Портпаролот на фабриката за поправка каде што е прикотвен бродот изјави дека поради тоа што делови од палубата биле извадени за поправка и надградба, паднатиот кран ѝ нанел поголема штета на опремата отколку на палубата.

ПД-50, еден од најголемите лебдечки докови во регионот, потона во фабриката за поправање во ноќта кон вторникот. Во инцидентот не беа пријавени жртви, но, според гувернерот на Мурманска област Марина Ковтун, едно лице исчезнало, а уште две лица се хоспитализирани.

Носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ беше користен за време на воената кампања на Русија во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Авионите изведуваа напади на силите на сириските бунтовници.

„Адмирал Кузњецов“ се наоѓаше на еден од најголемите пристаништни базени во светот во близина на Мурманск, близу базата на северната руска флота, а требаше до 2021 година повторно, во целост, да биде оперативен.

Спонзорирано: