11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата на нозе: Кој смртно му се заканувал на сопругата на познатиот градоначалник Митко Јанчев?

Митко Јанчев добил закана по живот заради денешното гостување во емисијата 24 Отворено заедно со Даниела Рангелова. Јанчев заканата ја пријавил во полиција, а од МВР ја потврдија информацијата. Тој и пред емисијата за некои портали потврди дека се соочува со таков проблем. Заканите по живот биле упатено кон него и неговата сопруга.

Претходно Рангелова потврди дека се слушнала со Јанчев и дека тој потврдил дека ќе присуствува на дебатата. Во телефонскиот разговор, Јанчев изјави:

„Последниве месец константно добиваме закани по смс и фејсбук, но денеска на мојата сопруга и се закануваа и тоа ми беше причина да не присуствувам на дебатата. Постојано добивам закани кои ги пријавувам во полиција. Пред референдумот имав ваква закана – „На Јанчев во сон му се јавил татко и му рекол доколку излезе да гласа, за брзо време ќе се видат, а татко ми е покоен од 2005.“

Јанчев посочи дека заканите ги добиваат од лажните профили на фејсбук, а сите заканувачки смс пораки ги пријавил во МВР. Тој посочи дека зборувал со Мицкоски кој го уверил дека заканите не доаѓаат од штабот на партијата.

„Досега со Мицкоски не сум имал тензичен разговор, па дури и за последното разрешување и лично ми се јави да ме праша дали сакам да бидам разрешен или да си поднесам оставка и му реков да ме разреши зошто немам намера да давам оставка.“ – изјави Јанчев.

Спонзорирано: