Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Писмото за одземање на мандатот на Груевски пристигна во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Собранискиот спикер Талат Џафери го препрати писмото од судијката Добрила Кацарска за правосилната пресуда на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која треба да се одлучува дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат, поради сторено кривично дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција.

Комисијата треба во рок од 15 дена да закаже сединца, а откако ќе донесе заклучок во однос на мандатот на Груевски, Талат Џафери треба точката да ја стави на дневен ред на првата наредна пленарна седница.

Пратеничкиот мандат се одзема со двотретинско мнозинство, односно потребни се 80 пратеници.

Претседателот на комисијата, Павле Богоевски, засега не знае кога ќе ја закаже седницата на која ќе се одлучува за мандатот на Груевски.