5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Лажните вести мора да сопрат, предизвикуваат гнев кај народот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека медиумите што шират лажни вести се вистински непријател на американскиот народ.

„Во нашата земја постои голем гнев, кој е делумно предизвикан од неточни, па дури и намерно грешни вести. Медиумите кои шират лажни вести се вистински непријател на народот, тие мора да запрат со отворениот и очигледен непријателски став и прецизно и искрено да ги пренесуваат вестите. Со тоа во голема мера ќе се намалат лутината и гневот, а потоа ќе можеме сите страни да ги обединиме во мир и хармонија. Лажните вести мора да престанат!“, порача Трамп, нагласувајќи ги зборовите со големи букви, како што често прави во своите твитови.