11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос на аеродромот во Брисел, поради штрајк откажани речиси 150 летови

Аеродромот во Брисел обезбеди легла за околу 300-та лица кои биле принудени да ја поминат ноќта на аеродромот откако беа откажани 150 летови поради штрајкот на носачите на багаж.

Вработените протестираа бидејќи се незадоволни од условите за работа.

Штрајкот, кој синдикатите не го најавија однапред, почна во четвртокот вечерта, кога беа откажани 50 летови, додека во текот на наредните неколку часа постојано се откажуваа и другите летови.

Аеродромот во Брисел обезбеди легла за околу 300 лица, кои беа принудени да ја поминат ноќта на аеродромот, изјави заменик на аеродромот.

Штрајкот на белгиската компанија „Авиапартнер“ погоди 29 авиокомпании, меѓу кои и „Рајан“ и „КЛМ“, но не и белгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс“, кој користи друг оператор за носачи на багаж.

Спонзорирано: