19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ до Костадинов: Мицкоски поседува удел во „Енерготек“ од само 7%, а компанијата никогаш не добила тендери од Влада

Зоран Заев е единствениот аболициран криминалец кој побарал засолниште во политиката, и тоа не само во Македонија туку и пошироко, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Аболицирани криминалци да водат партии или Влада не е европска вредност. Криминалци кои краделе по седум милиони евра од изградба на трговски центар не може да водат држава кон достигнување на европските стандарди. Дали постои друг премиер во Европа кој е јавно фатен и снимен како бара поткуп од бизнисмени ‘по едно евро за брат му, а едно евро за Црквата’? Затоа СДСМ е исплашен од поддршката и довербата којашто граѓаните ја имаат во претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и затоа СДСМ упорно лаже и сака да испрати невистинита порака дека сите се криминалци“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека точно е дека Мицкоски поседува удел во „Енерготек ДОО Скопје“, но тој удел е само 7%, и посочуваат дека компанијата каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е косопственик никогаш не добила тендери од Влада откако тој е именуван за советник на премиерот.

Спонзорирано: