20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Засилена соработката со Австриската народна партија од ЕПП и ИРИ

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во рамките на европскиот политички самит на ИРИ, оствари поголем број билатерални средби, меѓу кои со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна партија, кој е дел од Австриската народна партија (ЕПП), информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочија од партијата во соопштението, на средбата Ѓорчев се заблагодарил за поканата за учество на самитот и можноста да се споделат искуствата помеѓу двете сестрински партии, а ваквата соработка и размена на искуства ќе продолжи во наредниот период.

Ѓорчев во рамки на неговата посета остварил средба и со Роменд Пелфер, политички директор на Австриската народна партија.

„На средбата стана збор за билатералната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија, која оствари големи успеси под раководство на актуелниот партиски лидер, Себастијан Курц, кој е актуелен канцелар на Австрија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со Иан Картер, политички директор на Конзервативната партија од Велика Британија, а за време на нивната средба се разговарало за долгогодишната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија, којашто трае 25 години.
Ѓорчев, посочуваат од неговата партија, го запознал меѓудругото соговорникот и со најновите политички случувања во Македонија, а Картер се осврнал на меѓународната соработка и иницијативи на Конзервативната партија.

Во текот на вчерашниот ден Ѓорчев оствари средба со програмскиот директор на ИРИ за Европа, Тиболт Мезгре, а на европскиот самит на ИРИ учествуваат претставници на партиите и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји.

Спонзорирано: