10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче од САД го поканило на роденден целото одделение, но никој не му дошол

Шестгодишниот Тед Мазини ги повикал на прослава на неговиот роденден сите 32 соученици од одделението, но никој од нив не се појавил во пицеријата во Тусон, Аризона.

Фотографијата на која се гледа тажното лице на Тед, додека осамен стои покрај масата, на која празни останале црвените роденденски чинии, ја објави каналот Еј-би-си 15.

Сил Мазини, мајка на Тед, раскажала дека испратила 32 покани и неколку луѓе пријавиле дека можеби нема да бидат во можност да дојдат, но не очекувала дека никој нема да се појави.

„Ќе престанам со организирање забави на некое време“, разочарано рекла таа.

По објавувањето на фотографијата, Теди почнал да прима честитки од различни делови на САД, како и подарок од кошаркарскиот тим на Финикс Санс – билети за натпреварот со ЛА Лејкерс.

Спонзорирано: