26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вип со прекрасен подарок за своите корисници

Вип подготви подарок за сите свои корисници на ТВ и ТВ Lite услугите со кој добиваат можност за уште повеќе забава која ќе трае и во следната година. Од денеска па сѐ до 31 јануари 2019 година сите постоечки и нови корисници на телевизиските услуги бесплатно го добиваат Пинк пакетот со 27 телевизиски канали. Сите нови и постоечки корисници пак на ТВ Lite услугите добиваат подарок од два Пинк ТВ канали.

Вип телевизиските пакети нудат богат избор на разновидни телевизиски канали, филмови, музика, забава, спорт и детска програма.

Вип ТВ Lite дигиталната телевизија ги вклучува најпопуларните македонски ТВ канали, кои безжично се пренесуваат со одличен квалитет на слика и звук секаде во Македонија. Во рамки на овие тарифни модели корисниците имаат можност да ги следат и македонските, национални и регионални, дигитални ТВ канали.