14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Умре идејата за корекција на границите

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, смета дека е погрешна идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија и дека тој е категорично против тоа.

„Мислам дека факторите за очекување сфатија дека нема место за таква опција. Тачи рече дека ако има алтернатива, тој сака да ја сослуша. Мислам дека постои алтернатива, а тоа е двете држави да живеат во мир, а не да се преговара за Косово бидејќи тоа не е мир, тоа е нестабилност“, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер прецизира дека за него алтернатива е живот во мир со Србите.

„Можеби тоа нема да ги задоволи апетитите на Белград, но морам да застанам некаде, а мислам дека алтернатива е почитување на сегашните граници, територии и обострано признавање“, истакна Харадинај.

Тој смета дека умрела идејата за корекцијата на границите.

„Никој не е подготвен да влезе во такви експерименти. Не верувам дека некој би прифатил да игра такви игри на глобално ниво“, нагласи Харадинај.

Спонзорирано: