10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата го закрепнува здравствениот систем уништен од режимот на Груевски

Носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски, системски ја уништуваше иднината на државата и преку криминални тендери го урниса здравството и ги погазуваше правата на лекарите и граѓаните, истакнуваат од владејачката партија како ракција на прес-конференцијата на Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ, која денеска обвини дека СДСМ крати финансиски средства во здравството.

Од СДСМ сметаат дека лицемерно е однесувањето кога, како што велат, од антизападното и антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, од прегратките на Никола Груевски зборуваат за здравството коешто токму тој го уништувал.

„За разлика од криминалиот пристап во сите сфери од страна на Никола Груевски, Владата предводена од СДСМ го закрепнува уништениот здравствен систем и ги санира штетите од неговото децениското криминално и расипничко владеење. Со предлог-ребаланс на буџетот за 2018 година, се зајакна фискалниот капацитет на општините и им се помага да се справат со долговите наследени од криминалното владеење на Никола Груевски. Истовремено, се обезбедуваат дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека зголемувањето на платите за 5 отсто на над 19 000 здравствени работници, зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд се само дел од мерките спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ преку кои се обезбедуваат квалитетни и достојни услови за работа на лекарите.

„Залудни се лагите пласирани од страна на антизападниот Христијан Мицкоски – пионот на Никола Груевски, кој соочен со сопствениот неуспех се обидува да ја закочи иднината на Македонија“, стои во партиската реакција.

Спонзорирано: