8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бошњаковски: Не се знае кога уставните амандмани ќе стигнат во Собранието

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција изјави дека нема точен датум кога уставните амандмани би можеле да стигнат во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека веќе се работи интензивно на изготвување на амандманите за да се скратат роковите колку што е можно, но засега нема точен датум кога би можеле да бидат испратени во собраниска процедура.

Бошњаковски посочи дека процесот ќе биде инклузивен и транспарентен.

„На секој готов нацрт или предлог што ќе биде доставен до Собранието свој импут ќе дадат пратениците, а јавноста ќе биде целосно информирана“, рече Бошњаковски.

Спонзорирано: