17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски: Добив покана, но не можев да одам на прославата на ВМРО-ДПМНЕ

„Добив покана, но не можев да одам на прославата на ВМРО-ДПМНЕ. За помирувањето Зоран Заев нека одговори“, изјави експремиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања денеска пред судот на паузата за судењето за „Титаник“.

Тој рече дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата од партијата.

Груевски пред новинарите изјави дека ќе ги искористи сите правни можности за одлагање на казната, но, како што рече, живееме во ненормално време. „Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека одлуките се политички“, рече тој.