8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со храбар потег: Барањата на опозициските пратеници кои гласаа ќе бидат инкорпорирани во уставните измени

Изјава на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по присуството на манифестацијата „Валандовска Ракијада”.

„ Ќе седнеме заедно со стручните луѓе. Верувам дека ќе бидат инкорпорирани, бидејќи од тоа што ги прочитав барањата, апсолутно нема некои пречки и некои проблеми и верувам дека ќе можат да бидат добра алатка за да заедно се надоградиме и заедно гласаме до конечната верзија за уставните промени“, кажа премиерот Заев кој очекува преку инклузивен процес надвор од политичките определби да бидат дефинирани уставните амандмани и заедно да се поддржи овој процес кој гарантира сигурност, безбедност, стабилност и економскиот просперитет на државата.

Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека нацрт уставните измени до парламентот ќе бидат доставени порано од предвидените 15 дена и во нив дефинитивно ќе се види дека нема ништо болно, скриено и страшно за државата, додаде тој.

– “Јас ветив на пратениците дека ние од Владата ќе дојдеме во парламентот со отприлика скицирани амандмани согласно Договорот од Преспа. Ќе седнеме заедно и власта и опозицијата заедно да ги направиме нацрт амандманите и верувам дека тоа може да го направиме и очекувам да расте мнозинството на поддршка бидејќи во нацрт амандманите и конечните ќе се потврди дека нема ништо што е болно, што е тешко, кое што е скриено и сите тие амандмани допрва ќе треба да нè фузираат и обединат оти тие ја гарантираат иднината на Македонија“, рече Заев.