10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ЛДП: Собранието донесе историска одлука

Собранието на Република Македонија, донесе историска одлука која што не носи чекор поблиску до остварувањето на нашата визија – за силна и стабилна држава членка, на клучните меѓународни организации, изјави на денешната прес-конференција членот на Извршниот одбор и претседател на Лидем, Моника Зајкова.

Зајкова додава дека поддршката од 80 пратеници, која што ја доби Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, е преточување на волјата на граѓаните, кои на референдумот јасно и во огромно мнозинство дадоа поддршка за европска Македонија.

Либерално – демократската партија е одлучна за иднина која гарантира перспектива за сите, а особено за младите луѓе, кои до неодамна овде во Македонија не гледаа шанса за напредок и развој, вели Зајкова и додава дека нивна единствена цел е да се обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани , како и гаранции младите да не се иселуваат во странство, но да градат просперитетна иднина тука, во Република Македонија.

Спонзорирано: