10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Паника кај антизападните сили: Ќе расте бројот на пратеници кои ќе го поддржат Преспанскиот договор

Бројката на пратеници кои ќе го поддржат Преспанскиот договор ќе расте, а за тоа има интерес од пратеници од опозициската партија, дознава Centar.mk.

Според информациите откако ќе бидат предложени амандмани од про-западниот дел на опозицијата со кои ќе се зацврсти македонскиот идентитет и зајакне почитувањето на договорот од двете страни, ваквиот договор би го поддржале уште повеќе пратеници.

Меѓународниот фактор во изминатиот период ги охрабри и лидерството, но и пратениците од опозицијата да одлучуваат самостојно и разумно.

Во следните 10-15 дена се очекува процесот да продолжи во Собранието.

По ратификувањето на договорот во Грчкиот парламент Македонија ќе стане членка на НАТО, а првата членка која ќе го ратификува членството на Македонија ќе биде Грција.

Инаку во петокот во Македонскиот парламент со 80 гласа за и 39 против беше изгласано отворање на процесот за Уставни измени кој ќе треа во следните недели.