Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Иванов да го повлече актот за определување на Заев за мандатор на Владата

Власта со поткуп од по два милиони евре по пратеник и закани со затвор за пратеници или членови на нивни семејства ја донесе во Собранието одлуката за пристапување кон измена на Уставот, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

ОД партијата посочуваат дека го повикуваат претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов да преземе една поактивна улога во оваа света борба на македонскиот народ.

„Да потсетиме, Иванов го даде мандатот за состав на владата откако Заев потпиша гаранции и се обврза на заштита на уставниот поредок, заштита на државните интереси, носење на одлуките според основните демократски принципи и владеење на правото, не додведување на Републиката во положба на зависност спрема друга држава и притоа Заев се обврза дека секој документ на владата спротивно на овие гаранции не важи“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Единствена Македонија го повикува Иванов да го повлече актот за определување на Зоран Заев за манадатор на владата.