20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција до Лондон: Прашањето за границата со Ирска треба да се реши, ЕУ нема да прифати привремени мерки

Европската Унија нема да прифати привремени мерки за решавање на прашањето за границата со Ирска во преговоите за брегзит, изјави денеска француската министерка за Европа, Натали Лоазо.

„Мораме да имаме конечен договор или барем не привремени мерки кои ќе исчезнат, па после тоа да не знаеме што да правиме”, изјави таа за Би-Би-Си.

„Чекаме спроведување на решение од Лондон”, заклучи Лоазо, објавува Танјуг.

Велика Британија соопшти дека би можела да прифати подолг период на транзиција по нејзиното повлекување ако ЕУ се откаже од својот предлог за границата со Ирска – политика која има за цел да осигура дека дури и по брегзит меѓу Северна Ирска и Република Ирска, нема да се врати „тврда граница”, што во преговарачкиот жаргон се нарекува „backstop”.

Европската унија сака Северна Ирска да остане посилно поврзана со ЕУ, нешто што британските претставници строго го отфрлаат.