6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија и за поддршка на црквата, објави грчкиот портал „Ајефиремида“.

Во текстот се наведува дека овие информации се од 10 октомври, а ги обелоденил специјален службеник во Министерството за надворешни работи.

„Во запечатениот документ што во Парламентот го донесе специјален службеник од Министерството за надворешни работи имаше три кодови, а вкупниот износ ставен на располагање изнесуваше околу 1.000.000 евра. Првиот код се однесуваше на парите распределени на медиуми во Албанија. Вториот код се однесуваше на финансирање медиуми во Поранешната Југословенска Република Македонија. Третиот код се однесуваше на средства што беа распределени за поддршка на православни цркви“, пишува „Ајефиремида“.

На прашање на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во двете соседни земји, било објаснето дека средствата биле доделувани за да се пишуваат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси.

По ваквите написи во грчкиот портал, грчкото обвинителство наредило итна истрага за објавување доверливи информации. Од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас, пак, реагираа за натписот велејќи дека објавувањето наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно влијае врз националните интереси. Од Кабинетот на Ципрас обвинија дека зад овој текст стои Нова демократија.

Спонзорирано: