6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гутереш ja разгледува американската иницијатива за почнување излезна стратегија за мисијата на ОН на Косово

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја разгледува американската иницијатива за да се почне со надворешна стратегија за мисијата на ОН на Косово (УНМИК), беше соопштено за агенцијата Бета од седиштето на светската организација во Њујорк.

На прашањето дали генералниот секретар на ОН доби писмо од американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли, и какви се натамошните постапки и можните чекори, од канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, соопштено е дека засега можат да кажат дека генералниот секретар го видел писмото и дека ќе ја разгледа иницијативата.

Во писмото, кое беше испратено на 9 октомври до Гутереш, американскиот амбасадор во Ники Хејли побара лансирање на излезна стратегија за УНМИК, што во Белград е оценета како иницијатива да напуштање на оваа мисија во Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека заминувањето на УНМИК, како и формирање војска на Косово, ја доведе Србија во „ужасно тешка позиција”, во која нема друг избор освен да ги заштити своите луѓе.

Спонзорирано: