10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче претепано до смрт во Париз

13-годишно момче почина во една париска болница, откако беше претепано до смрт од страна на напаѓачи со метални шипки, во тепачка меѓу две банди која се случила во едно предградие на Париз.

Инцидентот се случил во саботата вечерта, кога меѓу 20 и 30 момчиња почнале да се маваат со палки и метални шипки во областа Ле Лила. Полицијата која пристигнала на местото подоцна го нашла момчето како лежи на улицата.

Во неделата, неговата состојба се влошила, а смртта на момчето била објавена попладнето истиот ден. Врз телото ќе биде извршена обдукција за да се утврди причината за смртта.

Две момчиња биле притворени во саботата, но подоцна биле ослободени бидејќи според полицијата тие биле пријатели на момчето од истата банда. Едно друго момче било задржано в полиција.

Според локалните жители, вакви инциденти се случуваат често, а многупати во нив се вмешани и 12 или 13-годишни момчиња.

Спонзорирано: