12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Во БиХ по седум дена од изборите сè уште се пребројуваат гласовите

На официјалниот сајт на Изборната комија на Босна и Херцеговина во понеделникот излегоа резултати кои покажуваат дека се пребројани гласовите од 99,95 избирачки места во земјата во врска со изборот на членовите на Претседателството на БиХ.

Седум дена од денот на спроведувањето на општите избори во Босна и Херцеговина пребројувањето на гласовите не е завршено за секое ниво на Владата, но од Централната изборна комисија се убедени дека конечните и официјални резултати ќе бидат во можност да ги објават во законски предвидениот рок од 30 дена или до 7 ноември.

На официјалниот сајт на ЦИК во понеделникот беа објавени резултати што покажуваат дека преброените гласови од 99,95 избирачки места во земјата во врска со изборот на членовите на Претседателството на БиХ и според тоа медиумите забележуваат дека недостасуваат резултатите од уште шест избирачки места во Федерацијата на БиХ.

Сепак, Изборната комисија на Босна и Херцеговина има законски рок од 30 дена по завршувањето на изборите да ги објави конечните и целосни резултати, па оттука со оглед на тоа што изборите во БиХ се одржаа на 7 октомври, комисијата има право да ги објави резултатите до 7 ноември.

Право на глас на овогодишните општи избори имаа 3.352.933 гласачи. На изборите се бираа тројца членови на Претседателството на БиХ, пратеници за Претставничкиот дом на Парламентот (42) и тоа 28 од Федерацијата БиХ, a 14 од Република Српска, потоа се бира Претставнички дом на Федералниот парламент (98) и Народното собрание на РС (83), претседател и двајца потпретседатели на РС и застапници во 10 кантонални собранија. Оваа година беа пријавени 128 политички субјекти, 53 партии, 36 коалиции и 34 независни кандидати.

Спонзорирано: