10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Заврши драмата во Келн, уапсен мажот кој држеше заложничка

Заврши драмата на главната железнинчка станица во Келн, кога германската полиција го уапси мажот кој држеше жена како заложник.

Портпаролот на полицијата, Кристоф Шулте рече дека полицајците влетале во аптеката каде биле мажот и неговата заложничка.

Се наведува дека киднаперот е повреден, но не е прецизирано за каква повреда станува збор.

„Осомничениот е под контрола“, објави полицијата од Келн на „Твитер“, додавајќи дека жената е ослободена.

Полицијата наведе дека жената се здобила со полесни повреди, пренесе „Ројтерс“.

Драмата започна во 12:45 часот. Целата железничка станица, една од најголемите во Германија, беше евакуирана и затворена, како и плоштадот зад станицата.

Зад железничката станица беа распоредени вооружани полицајци.

Спонзорирано: