10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ќе се изгубат илјадници работни места поради брегзит, предупредува британскиот министер за финансиски услуги

Британскиот министер за финансиски услуги, Џон Глен, вели дека ќе направи Лондон и понатаму да остане еден од најголемите светски финансиски центри, иако илјадници работни места ќе бидат изгубени поради брегзитот.

Глен пред пратениците изјави дека се согласува со оценката на Банката на Англија да се преселат пет илјади работни места од овој сектор во Европа до март следната година, кога Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија (ЕУ), пренесува Capital.ba.

Тој исто така додаде дека во целост очекува Велика Британија и ЕУ да постигнат договор за транзициониот период од март следната година, со цел да се избегне хаотичен брегзит. Глен оцени дека брегзит без договор на двете страни, не мора да биде толку проблематичен како што некои би очекувале.

Спонзорирано: