17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стаменковска: Предлогот нема ниту една точка што се поврзува со референдум, а тоа значи самите си признавате дека референдумот е неуспешен

„Скандалозен предлог за почеток на промена на Уставот на Република Македонија, којшто го добивме како пратеници во Собранието. Иако тука сите велите декларативно дека произлегува од волјата на граѓаните којашто ја дале на референдумот на 30 септември, можам слободно да кажам дека вие само декларативно изразувате дека тоа е волјата на граѓаните“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, за време на Комисијата за уставни прашање.

Стаменковска додава дека предлогот што стигнал во Собранието немал ниту една точка којашто се поврзува со самиот референдум, а тоа значело дека власта признавала дека овој референдум е неуспешен.

„Согласно со процедурата што е воспоставена до сега, кога станува збор за предлог-промена на Уставот на Република Македонија или амандмани за промена на членови на Уставот, секогаш оваа постапка ја води министерот за правда. Овој пат имаме исклучок. А тоа значи конечно некој од Социјалдемократскиот сојуз признава дека овој договор е штетен за македонскиот народ и затоа министерката не се одважи да дојде и да биде иницијатор за промена на Уставот на Република Македонија“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ додаде дека и за неа овој договор уште од самиот момент на потпишувањето е неважечки бидејќи не е испочитувана ниту една правна процедура, ниту еден закон во Република Македонија, не е испочитуван ниту Уставот на Република Македонија, вели Стаменковска.

„Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори во член 3 вели: Единствен којшто е овластен да потпише договор во името на Република Македонија кога станува за меѓународен договор е претседателот на Република Македонија. Сакајќи СДСМ да ја избегне институцијата претседател на Република Македонија потпишува сремен договор што го потпишува министерот за надворешени работи, иако согласно со Уставот на Р Македонија, член 119 од Уставот и член 3 од Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори, министерот за надворешни работи нема правен основ да потпише ваков меѓународен договор“, посочува Стаменковска.

Спонзорирано: