14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ:Вистинска грижа за војниците, се зголемуваат платите, се унапредуваат условите за работа

Владата предводена од СДСМ и Министерството за одбрана продолжуваат со спроведување на мерки за подобрување на условите за работа и живот на војниците, на Армијата на Република Македонија.Како што соопшти Министерството за одбрана, се обезбедуваат 7.200 пара чизми за сите припадници на АРМ, соопшти СДСМ.

Според партијата, по зголемување на буџетот за одбрана за 15 отсто, платите на вработените во одбраната се зголемени за 10 отсто, а обезбедни се средства за целосно почитување на колективните договори и целосна исплата на 24 часовните дежурства.

,,Членството во НАТО не претставува само политичка цел, туку тоа е реална шанса за квалитетни услови за работа на припадниците на АРМ и подобар живот на сите граѓани. Владата предводена од СДСМ продолжува со грижа за припадниците на АРМ и останува посветена на процесите што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде вредносно и цивилизациски припаѓа”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: