11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме доаѓа кон Македонија – не излегувајте од дома

Под влијание на циклонски систем со центар над Северозападна Европа во текот на денешниот ден како и утре (понеделник) особено во попладневните часови, претежно во западната половина од Македонија, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, анализира метеорологот Славчо Поповски.

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи како и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Од вторник очекуваме постабилно време со утрински температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени додека максималните дневни нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Спонзорирано: